Sunday, March 31, 2019




МАТНО-ЗАМАТЕНО, ЗАМАТЕНО-МАТНО



Затемнувањ вројатно постои многу одамна, нема да  пишувам статистика само сувопарно, постоело веројатно и ќе постои на Месечина Сонце Фотографија Слика, Поглед, Вид, и многу субјекти, објекти, природни погоди, непогоди, други чинители свесно правени за добро за помалку добро за лошо и за катастрофи. За секоја од нив има мислења за/против се биполарно, пола/пола некаде во посовременово време се зема %%% за/против, можеби некој друг опис, гледиште,  да се тврди една појава.


Заматеноста на нештата во нешто и така заматени се нудат како еликсир за добро здравје, спокојство, убавина, бесмртност, релаксираност многу други називи и маркетинг понуди.
Заматеноста во изборот од заматеното до изборот на бистрата заматеност, заматуваме онолку колку што имаме заматено, во потрага да избереме во заматеното се најдовме во матното.
Заматеното  не одвлече онолку длабоко се разбира со наша помош и одобрение во матното дури и заматеното сега не ние на дофат почнавме да му се препуштаме на матното со една голема леснотија препушајќи се на матното уште повеќе заматуваме.


Неможам повеќе, викам,викам но мислам дека само крик излегува од мене, навистина ако е доста и премногу. Нема  да се откажам ниту за миг, ќе врескам, дали само крик, глас или пискот ќе се чуе од мене, ќе викам, ќе викам, ќе врескам, но нема да потонам во матното, ниту ќе му подадам рака на заматеното, рака под рака со него, ќе има гласници кои ќе ме чујат и сите еден по еден ќе се редат денови кога врисокот на многумина од нас ќе одекне толку длабоко заматеново ќе  сјае, матното ќе го избистриме.

МАТНОТО ВО БИСТРО, ЗАМАТЕНОТО ВО СЈАЈ