Friday, April 5, 2019



ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЕ

Нови времиња стари ветришта, секаде провев, никаде прозор од секаде дува не уби промаја. Пациент апстрахт, симптоми познати виталност солидна, конверзација задоволувачка, испуштен на домашно лекување во добро општа состојба, со препорака да продолжи со препишаната терапија, најчесто користена фраза не,(пишано) правило.  

КОТИЗАЦИЈА
Оглас за пријавување се разбира една до две години однапред до денот на одржување на: ПРАКТИКИ, ДОКТРИНИ, ПРЕЗЕНТАЦИЈА.

ПРАКТИКИ
Практично се зема модератор по можност да биде озвучен како и практикантот, практично да соопшти на аудиториумот како тоа таму се практицира (изведува) со интер активно учество на слушателот за прашања и одговори во практичната модераторска сесија без пациент.

ДОКТРИНИ
Најголемата доктрина во изведбата е цитати и статистика колку на метар квадртен се јавува некоја појава, споредбено со број на жители во и надвор  пресметано во проценти  се зема споредбена година или периот се во математичка смисла.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА
Видео бим, краток филм, слајдови, графицки дизај, анимација, и мото.

ФОАЈЕ
Најчесто се користи ходник за подобра видливост да можат на нога да се разменат 5 до 10 збора да се споделат импресии, стратегии предлози за следната епизода.

СЕРТИФИКАТ/АКРЕДИТАЦИЈА/БОДОВИ
Една од најважните критериуми за учество.

КОКТЕЛ
Задолшителен декор по секоја сесија за најдобра презентација на недостиг на време, со куртуазни честитки до согоговорниците на следниот собир ќе разменат поблиски искуства.

ПАЦИЕНТ
Останува и понатака пациент во добро општа состојба со надеж на подобрување на состојбата и во исклучителни случаеви во добра или одлична состојба.