Saturday, October 20, 2018

Дождот носи промени

Недалеку од цивилизацијата во ридско место каде живее Драги е убаво и во зима и во лето. Фантастично за планинарење и за чист воздух.
Дождот носи промени! Погледнете!
 До таму е реалноста за луѓето кои како нив се оставени и исфрлени од временската зона на удобното. 
Без пат на земјена калница дождот ги врзува на овој чардак отсечени до првото суво утро.

А со зимата и снегот нови небиднини и потешкотии.
Лизгавите греди од чардакот со наноси е предолго на ладното утро да се исчистат особено кога тоа треба да го сработат луѓе со инвалидитет.
За жал пристапниот пат секое зимо е во оваа состојба и зимските служби само на интервенција ја обавуваат својата работа.
До денес иако повеќе од две години како е писмено интервенирано за санација на пристапниот пат службите немо ветуваат и не исполнуваат.
Затоа секогаш мора да се изнаоѓа како уметнички да се преживее зошто најосновната грижа за луѓето со проблеми е како сами да си помогнат патот во зимо по снег и дожд се поминува со помош на стегачи, бастуни исковани со шајки, дубале кабаници и прекривки за безбедно да се поминат 100 непроодни метри.

Тој пат некогаш трае и со часови.
Понекогаш има и весели утра кафе со најблиските во топлата соба.
Но готвењето на дрвениот шпорет е те како опасен кога ни подот ни просторот не дозволуваат да се функционира беспречено.
И така кога едно тргнува удолу друго угоре и ни наедна страна нема изглед дека нешто би се променило подобро или барем би било поедноставно за луѓето.
И еден по еден ден една по една лоша случка разочарување и застанати часови во некое дамнешно време ни тогаш ни сега поубаво.
И во домот иако таков каков е со толку проблеми и потешкотии има и домашен љубимец пријател за во глувите доби.
А овие гнезда што носат песна од славејчиња некогаш се и немил дом за по некоја змија така и овде над главата на оваа кука на овие луѓе помина и  тој црн страв.

 25 septemvri и тој црн ден небаре по втор пат кеизгореа од скинат кабел од електрична жица. Повторно неми институции заборавија дека приоритетот е човечки живот.


НО останува само едно големо НО. Помогнаа и сеуште помагаат многу луѓе обични луѓе луѓе кои виделе или барем се соживеале со животна мака за да го спасиме Драги и Баба Аница од бездната.

Friday, October 5, 2018

Живот со добри дела

Животот дарува многу кога имаш што да дадеш и подариш. Сите кои го познаваме Драги имаме што да кажеме за него добар пријател и другар. Ако се идентификуваме со хемофилија меѓу првите на кои се присетуваме е токму тој Драги Лулевиќ од Чучер.
Тој секогаш несебичо се залага за лицата со ретки болести велеќи сите имаме еднаков третман. Еден од основачите на алијансата за ретки болести во рамките на НВО.
Секогаш ведар и со насмевка на сите настани кои го промовират невладиниот сектор и се за подобро утре ла лицата со социјална и општествена исклученост.
Човек кој има што да подари и во услови кога животот го носи на раб на егзистенцијата знае да им се заблагодари на оние кои помагаат и го промовираат подобрувањето на условите за живот.
Неколкупати како претсавник на лицата со коагулопатии ја изразил нашата благодарност кон крводарителите, кои дарувајќи ја својата крв спасиле многу животи.

Многупати во име на оние кои  им била најпотребна помош знаел да биде голем критичар и борец се со една цел да се спаси  живот.
Победи многу предизвици учествуваше во креирање на многу од нив на некои од нас ретките ни даде надеж за третман со лек. 
Победи многу стигми учествувал и сеуште учествува на настани кои покажуваат дека пред се е потребно многу воља и желба за да се изгради мост на еднаквоста.


Но тоа е само сликата надвор од неговото животно секојдневие, има моменти кога можеме да ѕирнеме зад убавите слики.
Повторно припремен за убави нешта пред итање во пресрет да се пружи помош и подршка на оние кои им е најпотребно.
Домот иако е трошен во него има секогаш луѓе кои со радост ги посетуваат него и баба Аница. Никогаш при тоа не барајќи ништо за себе. 

Но тука се и две мали комшиски принцези кои се грижат за баба Аница кога таа е сама. Јана и Мила на едвај 8 и 5 секој ден ја посетуваат баба Аница да и донесат водичка и дрва за огрев. 
Баба Аница која боледува иако во години со ведар ум и многу нарушено здравје последните денови е немоќна. Но тоа и понатаму не го крши нивниот дух. 
Ова е нивниот дом овде се одвива приказната на живот во сиромаштија но со вистински семејни вредности. Секогаш пружајчи топлина, а веруваме дека овој дом  кој веќе е во распаѓање по неколкуте немили настани од лошите временски непогоди ќе успеееме со верба во себе  и добрините да изградиме мал дома за луѓето кои дале многу од себе а никогаш не побарале. 
Драги секогаш вели Може да те прашам нешто? На одговорот ДА- тој прашува: - Веруваш во господ? Јас велам да. Верувам и верувам дека со помош од добри луѓе сите заедно ке изградиме топол дом.