Тој секогаш несебичо се залага за лицата со ретки болести велеќи сите имаме еднаков третман. Еден од основачите на алијансата за ретки болести во рамките на НВО.
Секогаш ведар и со насмевка на сите настани кои го промовират невладиниот сектор и се за подобро утре ла лицата со социјална и општествена исклученост.
Човек кој има што да подари и во услови кога животот го носи на раб на егзистенцијата знае да им се заблагодари на оние кои помагаат и го промовираат подобрувањето на условите за живот.
Неколкупати како претсавник на лицата со коагулопатии ја изразил нашата благодарност кон крводарителите, кои дарувајќи ја својата крв спасиле многу животи.
Многупати во име на оние кои им била најпотребна помош знаел да биде голем критичар и борец се со една цел да се спаси живот.
Победи многу предизвици учествуваше во креирање на многу од нив на некои од нас ретките ни даде надеж за третман со лек.
Победи многу стигми учествувал и сеуште учествува на настани кои покажуваат дека пред се е потребно многу воља и желба за да се изгради мост на еднаквоста.
Но тоа е само сликата надвор од неговото животно секојдневие, има моменти кога можеме да ѕирнеме зад убавите слики.
Повторно припремен за убави нешта пред итање во пресрет да се пружи помош и подршка на оние кои им е најпотребно.
Домот иако е трошен во него има секогаш луѓе кои со радост ги посетуваат него и баба Аница. Никогаш при тоа не барајќи ништо за себе.
Но тука се и две мали комшиски принцези кои се грижат за баба Аница кога таа е сама. Јана и Мила на едвај 8 и 5 секој ден ја посетуваат баба Аница да и донесат водичка и дрва за огрев.
Баба Аница која боледува иако во години со ведар ум и многу нарушено здравје последните денови е немоќна. Но тоа и понатаму не го крши нивниот дух.
Ова е нивниот дом овде се одвива приказната на живот во сиромаштија но со вистински семејни вредности. Секогаш пружајчи топлина, а веруваме дека овој дом кој веќе е во распаѓање по неколкуте немили настани од лошите временски непогоди ќе успеееме со верба во себе и добрините да изградиме мал дома за луѓето кои дале многу од себе а никогаш не побарале.
Драги секогаш вели Може да те прашам нешто? На одговорот ДА- тој прашува: - Веруваш во господ? Јас велам да. Верувам и верувам дека со помош од добри луѓе сите заедно ке изградиме топол дом.
No comments:
Post a Comment