Thursday, April 20, 2017

Врисокот во мене

         Тој ден како и секој беше ден за посета. Од моето село со автобус сама на едвај 9 години појдов да си го видам малото братче кое со месеци престојуваше на Детска клиника за хематологија. Едвај знаев да се снајдам во така големиот град за мене. Го знаев патот од Бит Пазар каде застануваше автобусот, а отаму пешки одев до клиника со празното чекмеџе и огромна радост да со го видам малото братче. Тој беше болен со месеци, а јас како бев сестрата водилка. 
         Мајка ни мораше да заработи за леб да не прехрани и за некоја пара за лек. Тој ден задоцни автобусот и краткото време за посета измина. Но одев брзо колку што ме држеа нозете морав да видам дали е добро, немав што да му однесам, ниту за сокче, ниту за играчка но знаев колку се радува да ме види,а и јас само да видам дека е добро и да го прегрнам. 
             На дрвената врата не ме пуштија да поминам, ми кажаа дека сум задоцнила и дали знам колку е часот. Плачев еднаш во неделата одев да го посетам, и тогаш беше касно не баре часовите за мене и брат ми поминуваа бргу. Плачев колку што ме држеше гласот и колки што имаше солзи во очите и неможев да ги оделам рацете од дрвената врата и излепениот прозорец зад кој се гледаше ходикот и скалите по кои на една минута во постела беше моето братче. Не запирав, неможев да отидам дома неможев да заминам од помислата дека нема да го прегрнам. И потоа плачот ги сожали тие кои го спроведуваа редот, а јас дрхтев целата наводенета од солзи до половина на плавото џемперче кое мајка ми го плетеше за да имам да облечам нешто убаво за кога ке одам на посета. Потем ми рекоа дека може на 5 минути да го видам и да заминам. Мислам дека боите ми оживеаа иако очите отечени од плач ми се затвораа, а кога го здогледав брат ми целата тага се претвори во топлина и среќа. Знаев само дека тоа не е живот за едно толку мало дете.


            Знаев дека тој е болен, јас бев здрава немав никаква мака ни причина да се плашам од таа животна приказна која тој секој ден ја живееше. Но никој не ми кажа, а тогаш јас бев мајка, па баба и повторно го видов другото лице на болеста. Мојот брат и мојот внук секој ден живеат живот со хемофилија. Дали можев нешто да променам. Како дете не, како возрасна да да знаев што е тоа што го носам во себе, но никој не ми воочи дека судбината сее повторува и дека не поминува како настинка.
Јас сум Светлана сестра и баба на лица со хемофилија, и мајка на носител, како и самата сум носител на ген на хемофилија А мајорна форма. 

No comments:

Post a Comment